Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Упорност, енергија, креативност: Еве зошто Лавот е крал во Зодијакот

Реклама

Лавот е познат како крал на животните, но исто така доминира и во астролошка смисла. Овој знак припаѓа во групата на огнени знаци и сосема разбирливо нивен владетел е Сонцето.

На овие личности речиси сите работи им одат од рака, а секогаш сакаат да бидат и во центарот на вниманието. Тие се карактеризираат со сила, страст, креативност, самодоверба, амбициозност и позитивност. Со овие карактеристики тие многу лесно ги остваруваат своите цели и замисли. Но, да не ги заборавиме и нивните мани: Тврдоглавост, самоувереност, егоцентрирчност, прилагодливост.

Маркетинг

Исто така Лавовите се и упорни, енергични, драматични и креативни. Тие се омилени во друштвото, духовити се и имаат многу пријатели, па просто уживаат во вниманието кое им се дава. Лавовите секогаш гледаат како можат да напреднат и секогаш успеваат во своите намери. Од друга страна, може да бидат многу себични и толку преокупирани со себе, при што нема да видат дали другите околу нив имаат некои потреби или намери. Ќе ги препознаете на прв поглед, зашто тие доминирааат во друштвото, а неретко ги издава и физичкиот изглед: Тие имаат бујна коса која личи на грива.

Доколку преовладуваат нивните лоши страни, Лавовите може да станат многу тешки, напорни, арогантни, себични, агресивни и фокусирани само на себе. Но, во Лавовите честопати ќе пронајдете вистински пријател на кој може да му верувате. За оние кои ќе покажат дека се вреди, Лавот ќе направи многу работи.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button