Реклама
MAMAРецепти

Уникатен рецепт за домашни баварски переци

Реклама

Овој необичен рецепт сигурно ќе го придобие вашето внимание…

Потребни состојки:

Маркетинг
  • 1/3 квасец
  • 1 лажичка кафеав шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 3 децилитри вода
  • 500 грама брашно
  • 1 лажица сода
  • 1 лажица путер
  • 1 литар вода
  • 30 грама крупна морска сол

За намаз од сирење:

  • 100 грама сино сирење
  • 1 лажица маргарин
  • 2 лажици крем сирење
  • 0,3 децилитри пиво
  • Половина лажичка црвен пипер
  • Половина лажичка бибер

Начин на подготовка: Најпрво ставете ги квасецот, солта и шеќерот во шолја со топла вода. Квасецот додадете го во брашното, и потоа додавајќи 3 дл вода, замесете тесто и оставете го да отстои околу 30 минути. Во плиток лонец загрејте еден литар вода во која сте ставиле сода бикарбона. Кога тестото ќе порасне поделете го на 12 еднакви делови. Од секој дел направете „стапче“ долго околу 50 см. Обликувајте го во вид на перек, и секој перек потопете го во растворот со сода бикарбона, а потоа посипете го со крупна морска сол. Оставете ги во тава да отстојат 10 – 15 минути. Переците печете ги во рерна на 230 степени, 10 – 15 минути, или додека не добијат златна боја. Потоа извадете ги од рерната и премачкајте ги со растопениот путер. Состојките за намазот од сирење ставете ги во сад, а потоа со рачен блендер убаво измешајте ги.

Маркетинг

Повикајте ги вашите најдраги пријатели на гости и уживајте во ова вкусно задоволство.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button