CelebrityНовости

Унгарија го избра најдобриот гробар, Срби се најдоа меѓу финалистите

Advertisement

Во Унгарија се одржа едно од најнеобичните натпреварувања во светот – „Меѓународното првенство во копање гробови“, на кое годинава учествуваа и гробари од Србија. Настанот се одржува редовно од 2016 година, со исклучок на 2020 и 2021 година кога беше откажан поради пандемијата на коронавирусот. Организатор е Здружението на оператори на гробишта (MTFE), кое ги повикува најдобрите копачи од различни земји да се натпреваруваат за титулата светски шампион.

Осмото издание на натпреварот се одржа на 6 септември на гробиштата Алшовар во унгарскиот град Сексард. Учесниците, кои работеа во парови, беа оценувани според строго дефинирани критериуми – брзина, естетика и прецизност. Секоја дисциплина носеше максимум од 10 поени. Натпреварувачите имаа задача за два часа да ископаат гроб со димензии од два метра должина, 80 сантиметри ширина и 1,6 метри длабочина, а потоа да ја вратат земјата назад и да ја оформат површината.

Advertisement

На натпреварот учествуваа тимови од Србија, Чешка, Русија и Унгарија, а атмосферата беше дополнета со присуство на публика која ги бодреше натпреварувачите. Победници беа унгарскиот двоец Ласло Киш и Роберт Наги, кои со време од 93 минути и 20 секунди повторно ја освоија титулата, по вторпат по ред.

-Победивме благодарение на рутината од секојдневната работа, без посебни тренинзи, изјавија тие по завршувањето на натпреварот.

Освојувачите на првите три места добија трофеи во форма на лопати – златна, сребрена и бронзена. Претседателот на „MTFE“, Јожеф Варга, истакна дека ваквите натпревари не се само професионални предизвици, туку и можност јавноста да се запознае со професијата гробар.

Advertisement

-Учесниците покажуваат не само физичка сила, туку и прецизност и ментална присутност, рече Варга.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button