Реклама
MAMAКафе муабет

Уморна сум, ненаспиена, а понекогаш и несредена, но имам една круна – ЈАС СУМ МАЈКА!

Реклама

Одлуката да се стане родител воопшто не е лесна.

ФОТО: rd.com

Доаѓа времето да станете родители. Возбуда, солзи радосници, позитивни животни промени. Но, овде настапуваат и непроспиените ноќи, а притоа умор, исцрпеност и понекогаш губење на желбата за одржување на навиките за разубавување. Да, тоа е мајчинството.

Мајчинството со себе носи огромни грижи за своето малечко. Во тие моменти забораваме на себеси и нашиот живот го насочуваме кон новиот член. Мислите се преокупирани со него, грижата се чини дека никогаш не стивнува. Не смееме да се разболиме, а и ако дојде до тоа, оздравуваме за само една ноќ. Мора, нашето најмило не смее да чека! Кој, ако не ние? Кој, ако не ние – храбрите борци кои и после непроспиените ноќи знаеме утрото да го започнеме со насмевка и „полни“ со енергија да го започнеме новиот ден.

Маркетинг

Но, на крајот од денот, кога ќе ставиме крај на нашите обврски и преморени ќе се стуткаме во постелата која едвај сме ја наместиле, сфаќаме зошто живееме. Сфаќаме дека во тие мали очиња се крие нашата светлина, се крие она нешто што не’ турка напред. Токму поради тие мали рачиња се будиме секое утро, да ги прегрнеме и со тоа да ја ставиме нашата непроценлива круна која не може да ја купи ниту целото богатство на светот. Да се биде мајка значи се спознае искрената и безусловна љубов!

Поврзано

Back to top button