Uma Thurman е последната ѕвезда која што се приклучува кон актерската екипа која ќе глуми во најновиот филм на контроверзниот дански режисер Lars Von Trier…
Ѕвездата на Tarantino-виот “Kill Bill” потпиша договор за (се уште) непозната улога во филмот на еден од најдобрите и најзначајни режисери на кинематографијата во последните дваесетина години, генијот Lars Von Trier!
Во врска со ова информација и филм, медиумите во САД пишуваа наслови во кои се потенцира дека станува збор за филм во кој сексуалните сцени ќе бидат, односно во нив нема да има ’класично‘ глумење на водење љубов, туку ќе има вистински секс пред камери.
Покрај Thurman, глумечката екипа екипа ја сочинуваат актери за кои може да се рече дека се дел од стандардниот состав на Von Trier, a тоа се Jamie Bell, Stellan Skarsgard, Christian Slater и Willem Dafoe, како имиња кои сигурно ќе настапат во филмот, кој ќе го носи насловот “Nymphomaniac”.
Во Nymphomaniac исто така ќе настапи и француската актерка Charlotte Gainsbourg најверојатно во карактерот на главната анти/јунакиња на филмот Joe. Gainsbourg која за улогата во филмот на Trier “Antichrist”, на филмскиот фестивал во Cannes ја доби Златната Палма за најдобра женска улога и овој пат ќе биде актерката на која ќе се потпира есенцијата на филмот и преки чии очи, искуство и нарација ќе се одвива дејствието на приказната и самиот филм.
Инаку, според задкулисните муабети, прв избор на Trier за улогата на главниот лик Joe била планирана (и испратено понуда) Nicole Kidman.
Kidman пред два месеци даде изјава за англискиот филмски магазин “Total Film” во кој говори за улогата на Joe и вели дека причината поради која ја одбила оваа ролја на Trier (инаку Nicole Kidman настапи во главната улога во неговиот “Dogvillle”) e во преголемиот број на секс сцени кои Lars планира да ги сними реално и вистинито (без глума, слободно можеме да кажеме)во секоја смисла на зборот!
„Кога зедов да го читам сценариото, уште на почетокот пишува дека во основа ние (актерите) ќе го правиме ’тоа‘ вистински. Сé она што не е легално, ќе биде снимено во заматени кадри. Надвор од тоа, сé останато се случува вистински.‘ “ вели Kidman и додава дека тоа било вистинската причина поради која го откажала учеството во овој филм, за да на крај додаде дека Данецот е навистина опасна личност од и пред кого се чувствува навистина уплашена.
Додека продуцентите на филмот задоволно гледаат како интересот за делото во кој ги имаат вложено парите, привлекува внимание и помеѓу филмските синеасти и поклоници на делото на Lars Von Trier, но и помеѓу останатите љубопитни фаци. Ито така потврдуваат дека сексуалните сцени ќе бидат експлицитни и дека истите ќе бидат вистински ’одглумени‘ и hard core.
Единствено ни преостанува да видиме в година што и како ќе биде работата со “Nymphomaniac”.