MAMAРецепти

Ух, како е ова добро – славска пченица ама со вкус на фереро колачиња, лесна и брза за подготовка

Рецептот произлегува од неодоливите бомбици наречени Фереро.

Advertisement

Дали сакате славско жито? Може да го направите во поздрава и многу повкусна варијанта.

Наместо класичната пченица, употребете спелта, мед и суво овошје, а рецептот всушност произлегува од неодоливите „бомбици“ наречени Фереро.

Advertisement

Станува збор за здрава верзија на познатите чоколадни топчиња. Се прават со спелта, печени лешници, кокосово масло, путер од лешници и сушени брусници. За арома се додава малку мед, екстракт од ванила и цимет, а резултатот е фантастичен.

Подготовката е едноставна:

фото-Инстаграм/Дани Борачева

Зрната спелта потопете ги преку ноќ со една лажичка сода бикарбона (така полесно се варат). Наутро измијте ги и варете додека да омекнат. Во блендер сомелете ги печените лешници и сварената спелта. Додадете путер од лешници, мед, екстракт од ванила и цимет.

На крај вмешајте ги во смесата и сушените брусници. Со влажни дланки оформете мали топчиња и ставете ги во фрижидер да се изладат.

Во меѓувреме, подгответе ја чоколадната глазура:

На тивок оган загрејте две супени лажици кокосово масло, малку мед и две супени лажици какао во прав. Топчињата потоа извалкајте ги или прелијте ги со глазурата, па извалкајте ги во бадемовите ливчиња. Оставете ги добро да се изладат.

фото-Инстаграм/Дани Борачева
фото-Инстаграм/Дани Борачева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button