Кавадарчанец уценувал две девојки со приватни секс снимки

Поднесена е кривична пријава против 30 годишен кавадарчанец

Фото: Илустрација

Две млади девојки од Кавадарци пријавиле 30 годишен маж кој живее во истиот град дека ги уценувал со приватни видео снимки. Нивниот сограѓанин ги уценувал дека ако не му дадат по илјада евра ќе ги објавил компромитирачките видео и фото материјали на социјалните мрежи. Девојките се полнолетни и не се познавале, а откако го пријавиле непознатото лице во полиција истото е лишено од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „уцена“. По извршениот разговор и собраниот доказен материјал од претресот во неговиот дом, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело.

 

(Visited 94 times, 1 visits today)