Вирално

Полицијата се уште трага по напаѓачите што ладнокрвно го убија Мартин Јанушев (28)

Advertisement

Убиецот ја познавал жртвата – истрагата e во тек!

Advertisement

Според неофицијални извори, а како што пренесе Фокус, во Мартин Јанушев (28) кој вчера попладнето беше убиен во Аеродром, пукале двајца напаѓачи. Јанушев кој бил поранешен фудбалер на фудбалскиот клуб Локомотива и кој во последно време за занимавал со кик-бокс е застрелан пред кафе-барот „Ред кафе“ со 5 куршуми во главата и вратот.

Оние кои се затекнале на местото на настанот веднаш го качиле тешко повредениот во приватно возило. На пат кон болница Мартин им подлегнал на повредите. Од Клиниката за хируршки болести св. Наум Охридски потврдија дека застреланото лице било донесено кај нив, но и покрај 40 минутната реанимација не успеале да го вратат во живот.

Полицијата трага по извршителите, а според за сега не потврдени информации лицето коешто ладнокрвно пукало со пиштолот го познавал убиениот и од претходно. Тој е со дебело криминално досие и е познат во светот на подземјето.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button