NEWSВести

Убиецот на кучето Маја избега во Делчево, информираат бугарски медиуми

Advertisement

Специјалистот по торакална хирургија, д-р Ненад Цоневски, кој работи во софиската Воено-медицинска академија и кој беше снимен на 9 ноември како прегазува куче во главниот бугарски град со својот „Фолксваген Пасат“, се вратил кај своите родители во неговиот роден град Делчево, пренесува бугарски „Телеграф“.

Цоневски, кој околу 4 месеци живеел во изнајмен стан во Софија, се иселил во вторникот вечерта, потврдиле неговите соседи, пишуваат бугарските медиуми. Неколку часа подоцна, докторот ја напуштил Бугарија со својот македонски пасош. Цоневски имал двојно бугарско и македонско државјанство, тврдат извори на бугарски „Телеграф“.

Advertisement

Докторот бил испрашуван во 3-та регионална управа на Полициската управа во Софија, по што бил ослободен.

Според бугарските медиуми, кучето Маја живеело во софиската населба веќе 14 години, при што локалните жители постојано се грижеле за него. Луѓето се огорчени од постапката на докторот. Различни организации реагираа по видеото. Петиција со која се бара затворска казна за хирургот собра над 200.000 потписи.

Според бугарскиот Кривичен законик, доколку се докаже вина, му се заканува казна затвор до пет години за сурово постапување кон животни. Против него е покрената истрага, и привремено нема да работи во Воено-медицинската академија, додека трае истрагата, пренесуваат бугарските медиуми. Според бугарскиот Кривичен законик, доколку се докаже вина, му се заканува казна затвор до пет години за сурово постапување кон животни.

(Вознемирувачко видео) Македонскиот лекар Ненад Цоневски прегази куче во Софија, доби отказ а му се заканува и затвор

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button