BEAUTYИнтервју
COVER STORY

Убавината може да има повеќе облици, зависи кој како ја доживува – женски муабети со Милена Антовска-Станковска

Современата жена треба да е многу храбра и силна затоа што темпото кое ни е наложено е многу тешко-вели нашата позната водителка Милена за Гламур

Advertisement

Гламур интервју со водителката Милена Антовска-Станковска

Милена е прекрасна млада дама која на сите нам добро ни е позната од ТВ екраните. Насмеана, позитивна,  елоквентна, скоро секое утро им го разубавува на гледачите на Канал 5 ТВ. Со неа поразговаравме за тоа што претставува убавината, за нејзината дневна рутина и за тоа како таа се грижи за себе и својата убавина и изглед. Во интервјуто таа ни откри дека секогаш станува рано, па дури и кога не е на работа, а за убавината вели дека може да има повеќе облици, зависи кој како ја доживува. Што друго ни откри оваа наша прекрасна дама, прочитајте во продолжение…

Advertisement

Приватна архива

Прашање: Скоро секојдневно сте на ТВ и тоа подразбира потешка шминка во текот на снимањето. Дали после тоа имате некоја рутина која Ви помага да го одржите баласот на Вашата кожа?

Да, секако. Користам препарати за чистење на кожата па потоа нанесувам серум и дневна крема, мноментално производи на Bioten, и навечер пред легнување откако убаво ќе ја исчистам кожата на лицето, нанесувам ноќна крема.

Прашање: Како Ви започнува денот, кои Ви се утринските ритуали?

Станувам рано, дури и кога не сум на емисија. Се подготвувам навистина многу брзо затоа што никогаш никаде не сакам да доцнам. Ја носам постарата ќерка на училиште и после тоа заминувам на работа. Во меѓувреме ако имам време пијам кафе дома, ако немам пијам на работа 😊

Приватна архива

Прашање: Што се крие најчесто во Вашиот несесер за шминки?

Имам два несесери еден голем еден мал за секој ден. Во помалиот што постојано е со мене имам моливче ва веѓи. Маскара. Руменило, моливче за уста и кармин или сјај.

Advertisement

Прашање: Како Милена ја дефинира убавината?

Убавината може да има повеќе облици, зависи кој како ја доживува. Ако зборуваме за надворешната убавина, тогаш би кажала дека убавина е кога некој навистина посветува внимание на себе, на нега на својата кожа и лице, на начин на однесување, движење и држење на телото. Но, сето тоа би било залудно и недоволно, доколку некој не плени со својата внатрешна убавина, добрина и харизма. За мене е многу важно кога зборуваме за убавина, да нагласам дека добрината и насмевката,  широкото срце и несебичноста се многу важни.

Прашање: Колку време посветувате на женската нега?

Па мислам дека посветувам доволно, некогаш повеќе, некогаш помалку зависи од другите обврски во текот на денот, но основната нега секогаш си ја овозможувам.

Приватна архива

Прашање: Дали посетувате козметички салони и какви третмани најчесто правите?

Посетувам да, La Sensa е мојот втор дом 😊 Таму буквално правам се што му е потребно на едно женско тело. Третманите за лице соодветни за мојата кожа и возраст, масажа на лице и слично.

Прашање: Кој Ви е омилен парфем?

Имам неколку зависи од годишното време. Light Blue od D&G ми е омилен со години наназад, но тој го користам пролет и лето, а кога е поладно Good Girl od Carolina Herrera.

Прашање: На што најмногу трошите пари кога одите во шопинг и дали одбирате само брендирани производи?

На чевли и не мора да се брендирано, важно ми е да ми се допаѓаат и да ми се удобни.

Прашање: И после две бремености вашето тело изгледа преубаво, како ја одржувате линијата?

Ви благодарам на комплиментот 😊 Морам да бидам искрена дека се се должи на добрите гени, за жал сега не вежбам, припазувам на храна некогаш, но многу често јадам буквално се.

Приватна архива

Прашање: Како би се опишала себе си? Што е она што Ве движи напред?

Малку ми е чудно да се опишувам себеси, затоа што повеќе сакам да слушнам како другите ме опишуваат 😊 Она што кај мене е највпечатливо е што сум одговорна, организирана, дружењубива и со мене секогаш знаеш на што си. Нема лаги и лицемерие, или те сакам во моја близина или не баш 😊   Верувам дека сум добар човек и добра мајка.

Прашање: Дали надворешната убавина е пресудна за оставање на прв впечаток?

Пресудна е кај некои, кај некои не. Но дека остава впечаток тоа е сигурно така. Зависи кој што бара во животот и во која фаза се наоѓа.

Прашање: Какво е Вашето мислење за естетските корекции и дали во иднина би направиле?

Немам ништо против се додека истите не го менуваат личниот опис. Инаку да, би направила најверојатно нешто понатаму и јас.

Приватна архива

Прашање: На која дама ѝ се восхитувате и зошто?

Не би можела да издвојам една, и не сакам да се поворувам дека мајката е таа на која најчесто и се восхитуваме и во мојот случај е така и тоа со причина, но овој пат би кажала дека им се восхитувам на сите жени кои што сфатиле кои се и зошто се овде на овој свет. На оние жени кои си го живеат својот живот и прават се да бидат среќни и тие самите, но и нивните најблиски. На оние жени кои и кога им е тешко си кажуваат и не потискаат во себе, на оние кои се подготвени секогаш да дадат помош и љубов. На сите жени кои што се тоа што сакале да бидат, без разлика на професија или брачен статус.

Прашање: Каква треба да е современата жена?

Современата жена треба да е многу храбра и силна затоа што темпото кое ни е наложено е многу тешко. Од современата жена денеска се “ бара “ и да изгледа убаво и одморено, и да е добра мајка и одлична на работното место и дома да и се под конец. Но, да не заборавиме дека на жената и е најпотрено да е среќна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button