Убавица со мисија – Тајланѓанка со тешка животна приказна ги трогна сите на изборот за Мис
Опал Сучата Чуангсри, 21-годишната Тајланѓанка која ја освои титулата на едно од најпрестижните светски натпреварувања за убавина, не е само кралица со круна – таа е кралица со причина.

Во светот на гламурот и убавината, малкумина знаат што се крие зад совршената насмевка на новата Мис – храброст, болка и надчовечка сила.

Опал Сучата Чуангсри, 21-годишната Тајланѓанка која ја освои титулата на едно од најпрестижните светски натпреварувања за убавина, не е само кралица со круна – таа е кралица со причина.

Кога имала само 16 години, Опал се соочила со нешто што ниту еден тинејџер не е подготвен да го чуе. Во момент кога другите девојчиња размислуваат за училиште и за остварување на соништата, таа морала да влезе во болничка сала и да се соочи со сурова реалност. Лекарите ѝ соопштиле вест што ѝ го срушила светот. Следеле итни лекарски прегледи, емотивен шок и, набрзо потоа, операција што го променил нејзиниот живот засекогаш.
Имено, Опал била дијагностицирана со рак на дојка кога имала само 16 години, што е мошне ретко за толку младо лице. Болеста барала итна интервенција – таа подлегнала на хируршка операција и поминала низ тежок и емотивен процес на опоравување. Наместо да ја крие својата борба, таа отворено зборувала за неа и ја претворила во своја животна мисија.
Ја започнала хуманитарната иницијатива „Opal for Her“, со цел да ги охрабри жените ширум светот да водат грижа за своето здравје, да не ги игнорираат сигналите што ги испраќа телото и да веруваат во моќта на раното откривање на болеста.
View this post on Instagram
Таа ја користи својата платформа за да зборува гласно, да инспирира и да ги поддржи оние што се на работ на надежта – токму како што и самата била.
„Мислам дека вистинската убавина доаѓа тогаш кога си најслаб, но одбиваш да се предадеш,“ изјави Опал во едно интервју. „Јас не сум совршена. Имам лузни, но тие се дел од мојата сила.“
Наградата што ја освои не е само признание за нејзината надворешна убавина. Жирито, публиката и целиот свет беа трогнати од нејзината искреност, хуманост и посветеност. Во рамки на натпреварувачката категорија „Убавина со цел“, нејзиниот проект беше еден од најмоќните, оставајќи силен впечаток.

Опал студира политички науки и меѓународни односи на еден од најреномираните универзитети во Тајланд – Тамасат (Thammasat). Таа е полиглота – зборува тајландски, англиски и кинески – и е љубителка на животни, дома има дури 16 мачки и 3 кучиња. Но она што најмногу ја издвојува е нејзината посветеност на другите. Со својата работа и животна приказна, таа стана симбол за надеж, сила и вистинска убавина.