Убави вести за Македонците со бугарски пасоши – но внимавајте, во Германија ова е строго забрането!
И да имате извадено германски пасош, треба да внимавате на овие работи бидејќи Германците можат и да ви го земат...

Во Германија каде во последните неколку години се отселија многу наши сограѓани, па и оние со цели семејства, од минатата година започна да се применува новиот Закон за државјанство.
Според овој закон странците не само што можат побрзо да добијат германски пасош, туку можат и да го задржат пасошот од земјата од која што потекнуваат. Од тука се поставува и прашањето колку Македонци кои ќе бидат опфатени со овој закон ќе ги вратат бугарските пасоши и ќе го задржат само македонскиот, односно од земјата од која што потекнуваат, и колку од нив досега веќе го вратиле.
Тоа дека бордо пасошот со „златниот“ германски грб е популарен и меѓу оние нашинци кои имаат бугарски пасоши кажува и еден коментар, односно прашање кое беше поставено овие денови на една Фејсбук страница каде што објавуваат најразлични информации поврзани со Македонците во Германија.
Принтскрин/ Фејсбук, Македонци во Германија
Имено, една Македонка ги праша останати во групата на Фејсбук дали има право да земе германски пасош со тоа што има бугарски пасош и веќе девет години живее и работи во Германија.
Следуваа неколку одговори од корисниците на оваа група на социјалните мрежи, па во продолжение погледнете и неколку информации за тоа како навистина се добива германски пасош.
Нов закон, нови пасоши
Од минатата година германскиот пасош се добива полесно, а новиот закон започна да се применува од 27 јуни 2024 година.
И кога се донесе овој закон во Германија во истиот момент околу 12 милиони странци можеа да поднесат барање за добивање на германски пасош и државјанство, од кои и многу Македонци што живеат таму.
Фото: Пиксел
Побрзо до државјанство
Според новиот закон кој за три месеци ќе направи цела година откако почна да се применува, странците можат да аплицираат за германско државјанство по само пет години легален престој во Германија.
Но постои можност за добивање државјанство и по само три години, но тоа важи за само оние што ќе покажат високо ниво на јазични вештини (ниво C1 и способност да се изразуваат течно), волонтерство или особено добри перформанси на училиште или на работа.
Инаку, странците порано можеа да аплицираат за државјанство само по осум години престој во Германија.
Примањата се неопходни
Сите оние предуслови за стекнување на државјанство што важеа во минатото остануваат на сила, па затоа, секој што сака да добие германско државјанство мора да може да се издржува.
Am 27. Juni tritt das neue #Staatsangehörigkeitsrecht in Kraft:
🟠 Dadurch erhalten mehr Menschen Anspruch auf eine #Einbürgerung in Deutschland.
🟠 Unsere #Recherche zeigt jedoch:
⬇️ Bereits jetzt stapeln sich in vielen Städten die Einbürgerungsanträge ⬇️https://t.co/BjchrhvPb1— Mediendienst Integration (@MDIntegration) June 24, 2024
Со новиот закон правилата дури и се заострија, така што оние со ниски примања потешко добиваат документи.
Покрај ова треба да се напомене и дека нема пасоши за расисти и антисемити, но и за оние што одбиваат еднакви права на мажите и жените, потоа ја порекнуваат одговорноста на Германија што произлегува од нејзината историја, поврзани со Евреите, но и со забраната за водење војна.
Германскиот пасош може да биде одземен
Покрај овие мерки, потребно е да се напомене и дека германскиот пасош може да ви биде одземен во текот на десет години, а така беше и порано. Па така за време на процесот на стекнување на истиот, секој што не бил сериозен на пример во поглед на приврзаноста кон историската одговорност на Германија може лесно да го изгуби пасошот – на пример ако шири антисемитски пораки или омраза.
Фото: Пиксел
Двојно државјанство
И можеби она што е најважно за многу Македонци е тоа што според новиот закон оној што сака да стане Германец повеќе не мора да се откажува од претходното државјанство.
Тоа значи дека двојното државјанство е можно за сите мигранти, додека порано тоа беше наменето само за оние од ЕУ.
На овој начин германската влада сака да им излезе во пресрет на сите оние кои се чувствуваат блиски со земјата од која потекнуваат.
Вадата оваа одлука ја образложи со ставот дека фактори како познавање на јазикот, образование и преданост кон демократијата се многу поважни за интеграција отколку двојно државјанство.