Реклама
Наши ѕвезди

Убавата Македонка се исплаши, неискуството проработи – емоциите беа преголеми, но со ова ги освои

Пејачката сепак успеа да помине, но и да ги освои сите со својата симпатична реакција

Реклама

Тремата и овој пат го направи своето,но Марија Шерифовиќ беше потполно искрена, еве што и порача 

Кумановката Ана Марија Илиевска имаше непријатна ситуација на својот настап во последната емисија од „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, оваа шармантна 23 годишна девојка од преголема трема се збуни, па не знаеше кога да го започне рефренот од песната, па дури по третиот обид продолжи со својата изведба на сцената.

Маркетинг

Истото и се случи и со следната песна, па потоа и самата призна дека од голема трема потполно се блокирала.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

„Баш се исплашив, проработи неискуството“, призна по својот настап со насмевка на своето лице убавата Македонка.

Но и покрај тоа што Ана Марија не се снајде најдобро на сцената, таа успеа да добие три гласови, а со тоа и право да избере ментор.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

И сето тоа заради грешка која што ја направи Вики Миљковиќ која откри дека наместо паник, притиснала погрешно копче.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

„Така ти беше судено, па нека ти е со среќа“, откри Вики по настапот на пејачката, а Марија Шерифовиќ веднаш коментираше.

Таа истана дека не гласала случајно, туку намерно, и дека и се допаднало и покрај тоа што згрешила, посебно заради храброста.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

„Тука не е лесно да се пее, нормална е и тремата и сé. Дете, среќно“, и порача Марија на младата натпреварувачка.

Бидејќи Ана Марија освои три гласови, имаше право да избере свој ментор, по што реши да ја избере Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Инаку, Ана Марија е родена 2001 година во Куманово, има завршено школо за туризам и работи како рецепционерка.

Таа има голема страст кон музиката и пеењето, а омилени пејачи и се Тоше Проески и Марија Шерифовиќ.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Таа во „Ѕвездите на Гранд“ се претстави со две балади – „Неко није“ од Илма Карахмет и „Лудило моје“ од Јована Пајиќ.

Како изгледаше нејзиниот настап, погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button