Наши ѕвезди

Убавата Македонка доби понуда што не се одбива од популарниот пејач – имаме ли нова Гранд ѕвезда?

Вечер што нема да ја заборави...

Advertisement

Се појави и го украде шоуто

Македонка од Гостивар во емисијата „Никогаш не е доцна“ со својот шарм никого не остави рамнодушен.

Advertisement

Станува збор за Елизабета Ефтоска која им 47 години и живее во Гостивар, а која со музика се занимава од неодамна.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

Како што самата вели во шоуто со професионални настапи започнала пред две години, но музиката отсекогаш и била најголема љубов.

„Од основно училиште пеев по ходниците и ме слушаа сите. Бев и во хор, тоа беше се. На матура прв пат запеав на микрофон. Од пред две години настапувам со својот бенд“, вели Елизабета која за себе вели дека е среќна и остварена жена, сопруга и мајка.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

„Сопруга сум и мајка на три деца. Среќна сум и задоволна жена. Имам прекрасен маж, деца и ја работам работата што ја сакам, вели таа.

Елизабета во шоуто настапи со песна од Лепа Брена, а од Дејан Матиќ доби покана да гостува на негов концерт во Македонија.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

По настапот од членовите на жирито доби пофалби на сметка на пеењето, кое беше одлично за прв пат.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

Но Елизабета доби бројни комплименти и на сметка на својот изглед, и тоа од жена, што на секоја дама би и годило.

„Толку си убава, како некоја холивудска актерка. Толку е убаво да те гледаме, најпрво да те слушаме, а потоа и да те гледаме. Милина“, изјави Лена Ковачевиќ која овој пат се најде во улога на жири

„Според пеењето би кажал дека имаш 25 години стаж. Сега мојата одлука е конечна, ќе бидеш мој гостинка во Гостивар, сигурно“, заклучи популарниот фолк-пеја Дејан Матиќ.

Инстаграм

Потсетуваме, Елизабета Ефтоска има 47 години и живее во Гостивар.

Таа е среќно мажена и со сопругот се родители на три деца – Оливија (20), Томислав (16) и Калија (11).

По струка работи како воспитувачка во градинка, а музиката е нејина најголема љубов уште од детството.

Но во младоста таа немала прилика професионално да се занимава со музика, иако нејзината страст кон музиката никогаш не исчезнала. Таа дури пред две години започнала да настапува со бендот на своите колеги, и вели дека има голема трема, но и дека кога ќе запее, истата ја снемува, а публиката ја чувствува емоцијата што ја носи во срцето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button