Кога љубовните приказни ќе се оживеат во музика има посебна магија во тоа. А во пресрет на Денот на Вљубените- Свети Валентајн, еве една прекрасна приказна за двајца млади и лудо вљубени.
Најновата песна на „Компас бенд“ зборува за една љубов која постоела пред повеќе децени, а се родила во Босна и Херцеговина.
Песната е дело на маестралниот композитор Зоран Рудан – Цеки, кој пак во музика и текст ја преточи вистинската љубовна приказна.
Песната носи наслов „Дјевушка“ и се пее на руско-македонски јазик.
„Цеки ми е доста добар пријател со кого се дружиме долги години. Во една наша дружба му раскажав за Катерина од Москва, која татко ми ја запознал во неговата младост кога бил на зимување во Јахорина. Така всушност и се создаде оваа песна. Тоа било кратка зимска авантура која траела само две недели. Катерина била дојдена со нејзините родители, а татко ми бил со неговите другари од Скопје.
Според кажувањата на татко ми, тоа биле преубави моменти, едноставно било љубов на прв поглед. Сепак, тоа траело само десетина дена, Катерина се вратила во Русија, а татко ми во Скопје. Уште година дена после тоа се допишувале преку писма, но никогаш повторно не се виделе – раскажува музичарот.
Но, татко ми честопати знаеше да се присети на тие моменти од неговиот живот. Очигледно таа Катерина му оставила голем впечаток“ – раскажа Бубе од „Компас бенд“.
„Компас бенд“ е музички состав кој со години успешно опстојува на „пазарот“, на чело со Љупчо Ваневски – Бубе, Ивана Ѓеоргиевка и Мишо Стојановски.
За нова песна „Дјевушка“ тие снимија и видеоспот на преубавиот Пелистер, каде покрај Бубе, Ивана и Мишо се појавуваат уште неколкумина актери.
Погледнете и уживајте.
Погле