Минa Совтиќ, убавата млада глумица која го толкува ликот на Ивана во српската хит-серија „Жигосани во рекетот“ (која моментно повторно се емитува кај нас), е итно хоспитализирана на интензивна нега во Ургентниот центар на Клиничкиот центар во Белград, откако на почетокот на неделата побарала итна медицинска помош поради силна главоболка и дезориентација.
Според српските медиуми, пред да биде применета во Ургентно, Совтиќ побарала помош и на една приватна клиника, каде ѝ била аплицирана анестезија во пределот на носот. По краткотрајно олеснување, нејзината здравствена состојба нагло се влошила.
Инаку, Мина е ќерка на актерската легенда Аница Добра.

Во тешка состојба, заедно со нејзината мајка, Аница, Мина пристигнала во Ургентниот центар, каде се жалела на чувство дека „мозокот ќе ѝ пукне“, мачнина и губење на свеста.
Сведоци тврдат дека била видно вознемирена и неспособна за комуникација, па со медицинскиот тим контактирала Аница Добра.
По детални прегледи, лекарите одлучиле да ја задржат на болничко лекување за понатамошно следење. Во моментов, Минa се чувствува подобро, но причините за драматичната реакција сè уште не се целосно утврдени. Неофицијално, постои сомнеж за евентуална лекарска грешка поврзана со аплицираната анестезија.
Според достапни медицински податоци, ваков тип анестезија се користи за ублажување болка во пределот на лицето и може да се аплицира преку инјекции, креми или инфузии, но секогаш под стручен надзор. Анализите за причината на ваквото влошување на здравствената состојба на младата актерка, продолжуваат.