Убавата актерка почина од бизарен ритуал за детоксикација – желбата за разубавување ја однесе под земја
Мексиканска актерка Марсела Алказар Родригез (33) почина по доброволно учество во духовен ритуал наречен Камбо, кој се употребува за прочистување, а при кој, според извештаите на странските медиуми, консумирала отров од амазонска жаба.
Марсела зела дел од отровот како дел од ритуалот за духовно прочистување, кој некои домородни заедници во Јужна Америка го користат за детоксикација, пишуваат мексиканските медиуми.
По ритуалот, Родригез започнала да повраќа и добила силна дијареа.
На почетокот одбивала помош додека се чувствувала лошо, но на крајот се согласила, откако состојбата ѝ се влошила, велат сведоците.
„Нејзиното заминување остави огромна празнина во нашите срца и во нашата професионална заедница. Нејзината посветеност, радост и преданост оставија длабока трага кај сите нас кои имавме привилегија да работиме со неа“ – објави мексиканската продукциска куќа Мапаче филмс.
Камбо е јужноамерикански ритуал за детоксикација и исцелување кој вклучува отровни секрети на жаба, според Healthline.
„Жабата ја лачи супстанцијата како одбранбен механизам за убивање или потчинување на животните кои се обидуваат да ја јадат. Некои луѓе, од друга страна, ја нанесуваат супстанцијата на своето тело заради нејзините наводни здравствени придобивки“, се вели во медиумот.
Полицијата истражува вмешаност на шаман во инцидентот.