BEAUTYИнтервју
COVER STORY

Убава е секоја жена која е насмеана и среќна – женски муабети со Стојне Николова

Секоја жена си е посебна, различна и убава на свој начин. Токму во различностите и 'несовршеностите' е убавината, вели Стојне за Гламур магазин

Advertisement

Бјути интервју со Стојне Николова

Стојне е млада убава дама која плени со својот изглед и харизма. За својата дневна рутина вели дека се состои од темелно чистење на лицето и миење, а по сушењето нанесува хидратантна крема и доколку излегува и СПФ фактор. За убавината вели дека,  убава е секоја жена која е насмеана и среќна, а себеси се опишува како скромна и позитивна. Што друго ни откри нашата позната фолк-пејачка Стојне Николова во ова интервју за Гламур прочитајте во продолжение…

Advertisement

Приватна архива

Прашање: Kако изгледа Вашата дневна рутина?

Мојата дневна рутина се состои од темелно чистење на лицето и миење, а по сушењето нанесувам хидратантна крема и доколку излегувам и СПФ фактор.

Прашање: Што се крие најчесто во Вашиот несесер?

Пудра, руменило, маскара, кармин.

Прашање: Ваша дефиниција за убавината?

Убавина е да бидеш свој и секако – убава е секоја жена која е насмеана и среќна.

Advertisement

Приватна архива

Прашање: Колку време посветувате на женската нега и кои се Вашите ритуали?

Стојне приватно не сака многу да се шминка. Посветувам време но не нешто премногу…обожавам кога поминувам време во Спа.

Прашање: Посетувате ли козметички салони и какви третмани најчесто користите?

Посветувам време но не нешто премногу…обожавам кога поминувам време во Спа.

Прашање: Омилен парфем?

J’adore-Dior

Приватна архива

Прашање: На што најмногу и најчесто трошите пари кога одите во шопинг?

Фустани и очила за сонце.

Прашање: Како ја одржувате линијата?

Среќа што имам брз метаболизам …гурман сум и сакам да си јадам🙂
Вежбам трипати неделно.

Прашање: Како би се опишале самите себе си? Што е она што Ве движи напред?

Скромна и позитивна. Па дефинитивно напред ме движи поддршката од моите најблиски и амбицијата и тоа што сум желна за нови предизвици.

Прашање: Дали надворешната убавина е пресудна за оставање на прв впечаток?

Има удел и тоа голем, но и многу други работи се битни.

Приватна архива

Прашање: Вашето мислење за естетските корекции и дали во иднина би направиле?

Не сум против…ако некој би бил посамоуверен, зошто да не, но да биде умерено. На себе не би правела ништо. Секоја жена си е посебна, различна и убава на свој начин. Токму во различностите и “несовршеностите”(кои некогаш се само во нашата глава) е убавината.

Прашање: На која дама ѝ се восхитувате и зошто?

Моника Белучи
Убава, своја, успешна, грациозна…

Прашање: Каква треба да е една современа жена?

Современата жена треба да биде своја ,паметна, со изграден стил, пламенита силна.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button