Твоето здравје не може да чека – емотивна порака од Турунџиева што треба секој да ја прочита
„Не заборавај да се ставиш себеси на првото место, особено ако од тебе зависат и други членови во семејството...“.

Познатата водителка и пејачка, Сузана Турунџиева, на својот профил на Фејсбук сподели многу моќна и емотивна порака.
Таа во својата најнова објава напиша:
„Трчаш за на работа…
Трчаш да се вратиш од работа…
Трчаш да најдеш и дополнителна работа…
Трчаш да платиш сметки, рата за кредит, летување за децата… Школување… Курсеви, секции…
Трчаш да испазариш, да зготвиш, да пречекаш и испратиш гости…
Трчаш по состаноци, настани, “битни” средби… Ги оставаш “на чекање ” најважните луѓе во твојот живот, за некои наводно “значајни” настани…
Трчаш и никако да истрчаш насекаде☹️“

Фејсбук/ Сузана Турунџиева
„До каде, до кога?! Зошто?!
Престани да се натпреваруваш со животот, успори малку, преиспитај се и откриј на колку СЕ места не мораш да бидеш… Намали го малку товарот кој сам(а) си го качил(а) на твојот грб…
Престани да мислиш на СЕ и на СИТЕ, СЕКОГАШ! НЕ ЗАБОРАВАЈ ДА СЕ СТАВИШ СЕБЕСИ НА ПРВОТО МЕСТО, особено ако од тебе зависат и други членови во семејството…“

Фејсбук/ Сузана Турунџиева
„Запамти!
СЕ може да почека, само твоето здравје НЕ! Закажи прегледи и грижи се за твоето здравје, НАЈПРВО ЗА СЕБЕ, после за се останато!“
Потсетуваме, овие нејзини емотивни зборови следуваат откако неодамна јавно зборуваше за тешката болест која што ја победила.

Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Таа се соочила со тешка дијагноза која и го променила животот, па од тогаш често зборува за важноста на духовниот мир.
Со голема упорност и верба во медицината, таа ја добила здравствената битка, а едно од нештата што ја смирува е музикотерапијата, свирењето на инструментот хендепен што го набавила од Турција.

Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Сузана и нејзините Фриди
Таа исто така се релаксира и со часовите што ги одржува по музикотерапија со мали групи жени и вели дека со овој метод на третман со звуци најмногу ја опушта.
Сузана е и основач и диригент на женскиот хор „Фрида од Македонија“, во кој членуваат жени над 40 години.



