Туш според обликот на очите: Дознајте која линија на капакот ви одговара најмногу
Тушот за очи е најлесниот начин за нагласување на очите.
Тушот за очи е најлесниот начин за нагласување на очите. Освен тоа што е брз и едноставен начин на шминкање, тој може да ви ги прикрие и недостатоците на лицето. Пронајдете го својот облик на очи и дознајте како би требало да изгледа линијата на вашиот капак.
Бадемасти очи
На ваквиот облик им одговара речиси секаква линија. Без разлика дали се работи за дебела и нагласена или пак нанесена на половина око, не можете да погрешите. Токму поради тоа, слободно поиграјте си со тушот.
Тажни очи
На очите чии краеви лесно се спуштени, совршено им одговара линија на туш која почнува малку пред средината на очите. Внатрешниот дел или почетокот на окото би требало да биде без туш, а можете да го нагласите со малку сенка.
Кружни очи
Оние девојки со кружни и нагласени очи би требало да создадат поинаков ефект. Тоа може да го направите така што дебелата линија ќе ја продолжите кон завршетокот на веѓите, за околу половина сантиметар. Линијата од тушот од почетокот на окото би требало да биде тенка, а потоа полека да се шири.
Блиску сместени очи
Кај ваквиот вид очи тушот мора да создаде илузија која визуелно ќе ги оддалечи очите. Тоа можете да го направите со полна линија која на внатрешниот дел на окото е тенка, а од средината почнува да се шири и се движи кон завршетокот на очите. Слободно можете да ја продолжите линијата или да си поиграте исцртувајќи две линии.
Широко сместени очи
Визуелното оддалечување на очите ќе го постигнете со помош на едноставна и кратка линија. Линијата на почетокот на очите е тенка и постепено се шири. Но, таа завршува на самиот крај на очите. Ако сакате да ја продолжите, треба да исцртате сосема малку, за да не постигнете спротивен ефект.