Наши ѕвезди

Турскиот кошаркар и сопруг на познатата актерка горд на Македонија – родниот крај не го заборава (фото)

Охрид и Македонија му се во срцето

Advertisement

Не ја заборава својата родна земја

Џеди Осман, турскиот репрезентативец и НБА играч роден во Охрид, не заборави да ја спомене својата Македонија.

Advertisement

Имено, Џеди беше најдобриот играч во редовите на Турција на Евробаскетот 2025, па по освоеното второ место во финалето за медиумите даде изјава споменувајќи ја и нашата земја, но и пријателите и роднините што ги има во Охрид и Македонија.

Инстаграм

„Среќен сум што и во мојот Охрид и во Македонија со задоволство се пратат моите успеси и добивам бројни честитки од мои пријатели и роднини од Охрид и Македонија. Јас секогаш максимално мислам и се трудам позитивно да го претставувам и мојот роден крај“ истакна Осман, кој како некој роден во Охрид и кој често доажа во родниот крај, секако дека одлично го зборува македонскиот јазик.

Advertisement

Потсетуваме, Џеди во јули 2022 година се ожени со турската актерка Ебру Шахин, а венчавката ја направија во Охрид.

Инстаграм

Тие својата врска ја започнаа во 2020 година, а за нивната венчавка покрај Охридското Езеро пишуваа сите медиуми во Турција.

Тогаш турската актерка која во Македонија е позната и по улогата на Бурџу Селимер од „Истанбулската невеста“, на Инстаграм сподели фотографии од венчавката кои сите ги воодушевија, но и неколку снимки на кои позираше на плажата во Љубаништа.

Инстаграм

Турчинката беше воодушевена од убавините на нашата земја, посебно од родниот град на својот сакан.

Како сето тоа изгледаше, потсетете се во продолжение…

Инстаграм

Инаку, таткото на турскиот кошаркар по потекло е од Охрид, а неговата мајка е Босанка родена во Србија.

Инстаграм

Џеди исто така е роден во Охрид, а колку ја сака Македонија докажа и со својата последна изјава по финалето.

Повеќе фотографии од венчавката на Џеди и Ебру погледнете тука

Инстаграм

Инстаграм

Инстаграм

Инстаграм

Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button