Celebrity

Турски ѕвезди кои ги одживеаја своите улоги – љубовни драми, скандали и животни превирања како од турска серија!

Дотерани и убави пред камерите, но зад нив - некои од популарните турски глумци и глумици ги живееја своите улоги и надвор од снимањето, што резултираше со бурни и често контроверзни настани.

Advertisement

Животите на турските актери не се само приказни од сценарија — тие често се полни со љубовни драми, скандали и животни превирања кои ги надминуваат границите на реалноста. Некои од нив ги живееле своите улоги и надвор од снимањето, што резултирало со бурни и често контроверзни настани.

Озан Гувен: Љубовна драма која ја потресе Турција

Озан Гүвен, познат по улогите во сериите „Сулејман Величествениот“, беше обвинет за физичко насилство врз својата девојка, Дениз Булутсуз, во 2020 година.

Advertisement

Таа тврдеше дека била подложена на повеќе од еден час насилство во неговиот дом, што резултирало со повреди и модринки.

Гувен беше обвинет за „навреда“, „малтретирање“, „ограничување на слободата со закана и со сила“ и „намерна повреда“.

принтскрин инстаграм

Обвинителството побара затворска казна од 3 години и 9 месеци до 13 години и 6 месеци за популарниот глумец.

Advertisement

По овој инцидент, Гувен беше исклучен од серијата „Бабил“, а повеќе од 100 сценаристи побарале од продуцентите да не соработуваат со него.

Сепак, тој негираше какво било насилство и тврдел дека бил жртва на манипулација.

Судскиот процес продолжува и денес, со нови рочишта закажани за 2025 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ozan Güven (@ozan.guven)

Мелиса Дөнгел: Семејна трагедија и правна битка

Мелиса Дөнгел, позната по улогите во сериите „Бизим Хикаје“ и „Сен Чал Капими“, имала тежок период во својот живот.

Во 2021 година, таа започна правна битка против својот татко за старателство над нејзината помала сестра.

Овој храбар чекор предизвика големо внимание во турската јавност и глумицата доби поддршка од многу луѓе.

принтскрин инстаграм

Дөнгел тврдеше дека била сексуално злоставувана од својот татко како дете, и дека сака да ја заштити сестра си од она низ што самата поминувала, по што таткото беше затворен.

Овој настан остави длабоки трауми во нејзиниот живот и кариера, но по судењето стана уште попотуларна и омилена.

принтскрин инстаграм

Бурак Севинч: Алкохол и правни последици

Бурак Севинч, актер и музичар, беше вклучен во сообраќајна несреќа во април 2020 година, возејќи под влијание на алкохол.

Неговото ниво на алкохол во крвта било 1.28 промили.

Беше осуден на 2 месеци и 15 дена затвор, поради опасноста што ја претставувал за сообраќајната безбедност.

принтскрин инстаграм

Асли Енвер: Љубовни турбуленции и разводи

Асли Енвер, позната по улогите во сериите „Кардешим Беним“ и „Киш Гунеши“, има зад себе бурен љубовен живот, како од турска серија.

Таа беше во брак со Биркан Сокулу, но се развеле во 2015 година. Потоа, имаше врска со пејачот Мурат Боз, која започна во 2016 година, но раскинаа во 2017 година.

принтскрин инстаграм

Нивната врска имаше беше бурна, полна со солзи и прегратки, неколку прекини и помирувања, но на крајот конечно си рекоа збогум, во 2019 година.

Во 2022 година, Енвер се омажи за бизнисменот Беркин Гөкбудак, а во 2023 година го добија нивното прво дете.

принтскрин инстаграм

Бирол Унел: Алкохолизам и пад на кариерата

Ѕвездата Бирол Унел, познат по улогата во филмот „Head-On“, имаше многу успешна кариера во почетокот на својата професионална патека.

Меѓутоа, неговиот живот беше обележан со проблеми со алкохолизмот, што доведе до пад на неговата кариера.

Во последните години од животот се најде и на главните вести поради помали кривични дела и дотера до бездомнички живот.

За жал, турската ѕвезда почина во 2020 година во Берлин, од рак.

принтксрин инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button