Турски пластичен хирург ги шашардиса жените во Европа со неверојатни трансформации – „доктор Пикасо“ ги претвора обичните жени во супермодели, а претходно бил пропаднат музичар
Корисниците на социјалните мрежи останаа запрепастени од „неверојатното“ пред и по фотографиите на кои се гледа како обичните жени хирургот ги претвара во супермодели.
![](/wp-content/uploads/2025/02/d-1.png)
Пластичен хирург од Турција стана вирален поради неговите чудесни трансформации на жени, кои стануваат непрепознатливи благодарение на неговата уникатна „техника на Пикасо“ која вклучува промена на обликот на лицето користејќи повеќе нехируршки „преправки“.
![](/wp-content/uploads/2025/02/00.png)
Корисниците на социјалните мрежи останаа запрепастени од „неверојатното“ пред и по фотографиите на кои се гледа како обичните жени хирургот ги претвара во супермодели.
![](/wp-content/uploads/2025/02/doktor1.png)
Сепак, лекарот кој стои зад фотографиите, д-р Фарзан Малекзадех, со седиште во Турција, е обвинет дека ги фалсификувал фотографиите користејќи софтвер за уредување фотографии со цел да ги преувеличува резултатите.
Д-р Малекзадех, сопственик на центарот за убавина FMX со седиште во Турција, на своите следбеници на Инстаграм им објасни дека тој е креаторот на таканаречената „техника на Пикасо“.
Тој објасни и дека методот користи „иновативни роботи“ за намалување на целулитот, за подмладување на кожата, за подигнување на цртите на лицето, за намалување на струкот и за подигање на задникот.
Сепак, корисниците на социјалните мрежи ги искажаа своите сомнежи велејќи дека фотографиите „не можат да бидат реални“ и додаваат дека „нема шанси“ фотографиите пред и после да се од иста личност.
![](/wp-content/uploads/2025/02/1-3.png)
![](/wp-content/uploads/2025/02/2-1.png)
Лекарот тврди дека може да трансформира 50-годишник да изгледа како 25-годишник, или „професионално да го преобликува и усоврши изгледот на луѓето на возраст од 20-30 години според нивниот посакуван исход“.
Во објавите споделени на Инстаграм, следбениците ги опишаа резултатите како „најдобри во светот“ и „неверојатни“.
Но, други корисници на социјалните мрежи истакнаа дека тој не успеал да ги објасни деталите за постапката, а многумина тврдат дека сликите изгледаат како да се направени со помош на вештачка интелигенција.
Трети пак тврдат дека д-р Фарзан Малекзадех користи фотошоп.
Еден од корисниците на социјалната мрежа Икс вели дека го познава лекарот и дека претходно се обидел да направи кариера во музика, глума и продукција, но поминал без успех.
Doctor is going viral for his special “Picasso Technique,” pic.twitter.com/YQjHY2C8mF
— FearBuck (@FearedBuck) January 31, 2025
Како и да е, на турскиот пластичен хирург одлично му оди работата, а што повеќе се зборува за него, толку повеќе жени стануваа заинтересирани за „Пикасо“ трансформацијата. А и цените му се доста привлечни за Европејците. На пример, зголемувањето на градите во Турција е достапно за 3.000 фунти, во споредба со 8.000 фунти во Велика Британија.