Реклама
Наши ѕвезди

Ѕвездата од „Истанбулска невеста“ стана татко, но неговата радост е во сенка на тешката болест …

Реклама

Болница во која познатиот турски актер ги проживува најрадосните и најтажните моменти во животот. На истото место е роден неговиот син, а на друг оддел се лечи неговиот татко од тешка болест.

Познатиот турски актер Озџан Дениз (46) кој се прослави со улогата во Истанбулска невеста деновиве минува низ најголемата радост, но и болка во исто време. Во неделата беше пресреќен бидејќи неговата 20 години помлада сопруга Фејза Актак (25) му роди син, а во истата болница, само во друго одделение, лежи и неговиот татко Садик Дениз кој веќе година дена се бори со тешка болест.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BiLBII6n55S/?utm_source=ig_embed

Бебето се роди со царски рез и имаше 3545 грама и 51 сантиметри. Како што пишуваат турските медиуми актерот го однел синот веднаш кај неговиот татко кој веќе година дена се бори со рак. „Нашиот татко го запозна својот внук. Му беше драго да види дека внукот му е добро“, изјави постариот брат на Озџан Дениз, Еркан.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BfT1AngnBzG/?taken-by=ozcandeniz

 

Инаку, ова не му е прв брак на познатиот актер. Тој 11 години беше оженет со Ханда Дениз која во 2008 година го тужеше да и ги врати парите бидејќи една година живеел на нејзина сметка во Германија – и тоа не само него, туку и неговата љубовница. Таа го изгуби судскиот процес, а потоа напиша книга за својот живот со Озџан Дениз која не беше објавена, но во јавноста се појавија некои детали – како на пример тоа дека нивниот брак однапред бил договорен со неговиот менаџер и дека со години ја изневерувал.

Поврзано

Back to top button