Турчинка покажа како се прави турско кафе – важен чекор сите прескокнуваме
Многумина, откако го изгледаа видеото, сфатија дека прескокнуваат еден важен чекор.

Турчинка која живее во Босна на својот Тик-ток профил покажа како се приготвува традиционално пенливо турско кафе.
Многумина, откако го изгледаа видеото, сфатија дека прескокнуваат еден важен чекор.
@jednaturkinja Рекламаpjenasta turska kafa❤️ kako mi kuvamo tursku kafu?
Во видеото, Турчинката најпрво измери вода за една шолја и ја претури во џезве, потоа додаде една лажичка кафе, брзо промеша и го остави да се вари – но повеќе не мешаше.
Кога кафето почна да врие, го тргна џезвето од оган и со лажичка внимателно ја собра пената, која ја префрли во шолјата – а токму овој чекор многумина го прескокнуваат. Потоа, го врати џезвето на шпоретот, почека кафето повторно да проврие и дури тогаш ја претури преостанатата течност во шолјата.
Во коментарите откри уште еден важен детаљ – кафето се вари во ладна вода.
„Ние ставаме кафе веднаш на почеток, кога водата е ладна, па така кафето и водата заедно се варат“, појасни таа.