Тука живее омилениот пејач и на многу Македонки – луксузниот пентхаус има поглед од милион долари
Пејачот живее со својата сакана и нејзината ќерка

Пејачот Саша Ковачевиќ има голем стан во една луксузна населба во Белгрaд во кој живее со својата сакана Зорана Tасoвац.
Како што пренесуваат медиумите, познатиот поп-пејач купил стан во еден елитен комплекс во кој сега комшии му се Новак Џокови и Милица Павловиќ, но и многу други познати и богати лица.
Во луксузниот стан заедно со нив живее и ќерката на Зорана од првиот брак со која Саша има одличен однос.

Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
И како што самиот откри во една пригода кога сподели снимка од својот дом, во дневниот престој има клавир и е во топли, неутрални бои.
Клавирот во бела боја дава посебен шарм во „канцеларијата“ на Саша, додека тоалетот е направен целосно од мермер.

Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Поглед од милион долари
Во текот на летните часови со Зорана често уживаат на големата тераса од кој се простира поглед од милион долари.
Потсетуваме, познатиот пејач и Зорана романсата ја започнаа во 2017 година, а се запознаа преку социјалните мрежи (види тука).

Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Тие со години живеат заедно во неговиот стан иако не се во брак, а сега сите очекуваат наскоро и венчавка.

Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Зорана има ќерка Искра, од првиот брак со поранешниот манекен Богдан Срејовиќ кој едно време беше во врска со Цеца.

Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Богдан неодамна се ожени со мисицата Јована Љубисављевиќ и доби дете, а со Зорана и по разводот се согласуваат одлично.
Тој е во одличен однос и со Саша, а повеќе за ова прочитајте тука.



