Тука ја јадевме најубавата посна торта без шеќер – рај на здрави вкусови во близина на центарот на Скопје
Овде, секој залак е внимателно избалансиран, полн со нутриенти и свежи, органски намирници.

Кога и да навратиме во ова царство на вкусови, бои и миризби, лоцирано на улица Рузвелтова, тргнати по, на пример, чиа пудинг (дефинитивно најдобриот во градот и со најприфатлива цена), се враќаме со уште три-четири здрави деликатеси. А кој може да им одолее?

Овојпат во „Вега фреш бар“ ја дегустиравме посната „Фереро“ торта без шеќер. Секое залче е вистинско уживање за непцето – богата, со совршен баланс на ароми што потсетуваат на познатиот италијански десерт, но без ниту една нездрава состојка. Односно, направена е од природни состојки, што значи дека нема да го прекршите ниту постот (доколку постите), ниту пак, диетата (ако сте на диета).

Но, ова задоволство е само дел од понудата што „Вега фреш бар“ ја прави омилена дестинација за љубителите на здрава храна. Овде, секој залак е внимателно избалансиран, полн со нутриенти и свежи, органски намирници.
Не е ни чудо што секогаш пред „Вега“ се чека на ред, особено за појадок. Потребата за брза, но квалитетна храна ги носи љубителите на здравиот животен стил во ова топло катче каде што може да се ужива во чаша полна здравје, бои и вкусови.
И особено радува што младите генерации се навистина „навлечени“ на овие превкусни шејкови, смути, салати, домашни граноли, здрави бомбици и протеински плочки. Чести посетители се и оние што вежбаат – било да бараат енергетски оброк пред тренинг или протеинска поддршка за брзо обновување на мускулите.



„Вега“ е местото каде што ќе најдете инспирација за нов начин на исхрана – без компромис во вкусот, пробајте. А зашто дечките толку многу ги бива, се проширија со „Вега 2“ и во Аеродром.