CelebrityНаши ѕвездиНовости

„Тромбоните не молчат“ – голем хуманитарен концерт за Филип од ДНК, во градот што не заборава

Advertisement

Макбрас Асоцијација и Скопскиот Брас Фестивал со особена чест го најавуваат меморијалниот концерт посветен на младиот тромбонист и мултиинструменталист Филип Стевановски, кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Концертот ќе се одржи во сабота, на 18 октомври 2025 година, во просториите на Народниот театар во Штип.

Advertisement

На сцената ќе настапат тромбонскиот квартет „Макбрас“, како и големиот ансамбл со исто име, составен од 12 еминентни тромбонисти. Меѓу нив се истакнуваат имињата на двајца професори кои одиграа клучна улога во музичкото формирање на Филип — професорот Кирил Рибарски, под чија менторска палка Филип дипломираше на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“, и професорот Ташко Тодоров, негов ментор од средното музичко образование.

Покрај нив, дел од ансамблот ќе бидат и: Владан Дробицки, Бранко Илиевски, Филип Богоевски, Никола Ристевски, Виктор Богоевски, Никола Стојановски, Алек Ѓорѓиев, Лука Костовски (тромбони), како и Александар Ниниќ и Виктор Грижев (туби).

Овој концерт има за цел да прерасне во традиционален настан во чест на ликот и делото на Филип Стевановски, музичар со исклучителен талент, кој подеднакво маестрално свиреше и на тромбонот и на пијаното. Неговото музичко наследство опфаќа бројни аудио и видео записи со авторски композиции и изведби, а неговото влијание се чувствува и преку културните иницијативи што ги покрена во Штип и Куманово, меѓу кои и „Куманово Џез Фестивал“, детскиот фестивал „Весело Штурче“, како и напорите за возобновување на диксиленд оркестар и биг бенд состав во Штип.

Advertisement

Програмата на концертот е поделена во два дела: првиот дел ќе биде посветен на изведба на познати џез композиции, додека вториот дел ќе биде резервиран за пет оригинални композиции на Филип Стевановски, специјално аранжирани за овој настан од композиторот Владимир Ботев.

Настанот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Македонија како дел од програмата на Скопскиот Брас Фестивал, а исто така и од Народниот театар во Штип и семејството Стевановски, чиишто несебична поддршка беше клучна за реализација на концертот.

Влезот за концертот е слободен, а настанот ќе биде од хуманитарен карактер. Во фоајето на театарот ќе бидат поставени кутии за донации во корист на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button