Меган Маркл е нова стилска икона, па сите сакаат да изгледаат како неа!
Идната сопруга на принцот Хари многу брзо стана миленичка на светската јавност, па не чуди што нејзините обожавателки се интересираат буквално за сé што е поврзано со нивната љубов, но и со неа. Таа неодамна во интервју за американското издание на Космополитан ги откри своите бјути тајни за кои не мора дополнително да ви споменуваме дека преку ноќ станаа омилени трикови за разубавување на бројни жени од целиот свет.
Еве некои од нив:
Користите пудра само на одредени делови
„Не мора да нанесете пудра на целото лице ако тоа не е потребно. Бидејќи не сакам да ги покривам моите бемки, пудра нанесувам само на одредени делови од лицето на кои имам проблеми со неправилностите.“
Направете ги очите визуелно поголеми
„За да не изгледате изморено на внатрешната страна на очите нанесете хајлајтер. И користете свиткувач за трепки и не заборавајте да нанесете маскара.“
Вратете и го волуменот на косата
„Мојата стилистка за коса секогаш ме тера да ја наведнам главата и да ја спуштам косата нанапред за да нанесе препарат за суво миење. Потоа само ќе ја префрлам косата наназад и се чувствувам многу посвежо.“ вели Меган.
Покрај овие три совети за убавина, војвотката од Сасекс во интервјуто за магазинот Космополитан откри и дека редовно го вежба лицето, но и како го прави тоа. „Колку и да на некои тоа им звучи смешно, благодарение на вежбите за лице ги направив посилни мускулите во јаболчиците и вилицата, така што сега лицето ми е во совршена форма“ вели таа.