Коса

Таа е една од најпознатите манекенки, а нејзината ПРИРОДНА убавина и кожата без брчки ги одржува со следниве ДОМАШНИ рецепти

Advertisement

Таа и без шминка изгледа беспрекорно

Advertisement

Познатата руска манекенка Ирина Шајк неодамна откри дека својата убавина ја одржува со едноставни домашни рецепти. Имено, во нејзиниот несесер секогаш мора да има кокосово масло кое обилно го користи во нега на коса и кожа. Таа го нанесува секогаш по туширање, на влажна кожа, чека маслото да се впие во кожата, а потоа се брише со крпа.

Манекенката откри и дека не ретко се тушира со студена вода, како би се расонила, но и на тој начин ја поттикнува циркулацијата.

Advertisement

Сопругата на Бредли Купер има и неколку генијални трикови за специфична нега на лицето – никогаш не ги прескока кремите со заштитен фактор, редовно го масира лицето со коцки мраз, прави сама маски од краставици, но открива и дека за убава кожа најважно е да се пие големи количина вода и зелен чај, односно дека сјајот го обезбедува со консумирање на зеленило и рибино масло во пилули.

https://www.instagram.com/p/BcKQjxdDJG8/?utm_source=ig_embed

Што се однесува до нејзината коса, манекенката и за неа користи кокосово масло со кое ја одржува бујна и густа, а се обидува и да го избегнува сушењето со фен секогаш кога е тоа возможно. На чистата и полу осушена коса става хидрантен балсам, а потоа ја витка во алуминиумска фолија додека се сонча покрај базен или на плажа. Сонцето ја загрева косата под фолијата, а активните состојки на балсамот длабоко навлегуваат во фоликулите на косата.

https://www.instagram.com/p/BcZ2J1ZD3l1/?utm_source=ig_embed

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button