Реклама
BEAUTYШминка

Трикови за шминкање со кои ќе се подмладите и до 10 години

Реклама

Во зрелите години, жените мора да избегнуваат премногу светла или премногу темна пудра. Модната индустрија нуди милион начини како да изгледате помлади, а тоа не мора да значи дека треба да изберете пластична хирургија. Погледнете ги овие начини како визуелно да направите да изгледа помлади, а притоа да не мора да се изложувате под нож.

Сенки – користете неутрални бои

Исфрлете ги од употреба силните плави, зелени или розови тонови. Шминката која подмладува се базира на неутрални, природни нијанси. Како основа користете сенки во боја на слонова коска, беж, кајсија или нежно розова.

Кармин – нагласете ја природната боја

Кармините треба да бидат во природни тонови, од кои лицето ќе делува свежо и младо. Таков ефект најдобро се постигнува со избор на розова, кајсија или корално црвена нијанса. Никако не ставајте силно светли или темни нијанси. Откажете се од долготрајните и од мат кармините, затоа што ги сушат усните и ги истакнуваат брчките.

Маркетинг

Руменило – најдобри се свежите нијанси

Користете само руменила кои даваат впечаток на свежина, а тоа се оние розевите, кајсија или портокаловите. Жените кои имаат потемен тен може да стават и бонзер со многу малку сјајни честички. Никако не користете темно кафеави нијанси. Избирајте кремасти руменила, наместо оние во прав или камени, затоа што ѝ штетат на сувата кожа.

Пудра – освежете се и изедначете си го тенот

Во поодминатите години, кожата изгледа безживотно, па затоа избегнвуајте дебели слоеви на тешки пудри и суви коректори. Во парфимериите постојат пудри наменети за сува кожа, кои лесно и добро се размачкуваат, па притоа ја хидрираат и ја хранат кожата.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button