Модата може да ви помогне визуелно да го издолжите вашето тело – се што треба да направите е да го освежете вашиот стајлинг со овие трикови.
Модата не е наменета само за високите и витките дами, туку и за оние кои се со поситна градба и низок раст. Па така колку и да мислите дека поради недостатокот од неколку сантиметри вие сте соочени со голем стилски предизвик, бидете сигурни дека облекувањето и стилизирањето никогаш не е толку тешко.
Избегнувајте ги долгите блузи
Долгите блузи изгледаат одлично, но само на високите дами, затоа не треба да ги носите доколку сте со пониска градба бидејќи долгата туника ќе создаде несразмер во пропорциите кои можат дополнително да ги „скратат“ вашите нозе.
Покажете ги глуждовите
Дали знаевте дека покажување на глуждот може да влијае позитивно на вашиот целосен изглед? Да, кратките фармерки и панталони кои досегаат до средина на листовите како и миди сукњите се вистински избор за вас ако сакате да ја издолжите вашата фигура и да допринесете да изгледате послабо и позгодно.
Монохроматски комбинации
Комбинација од парчиња во идентични нијанси креираат илузија на подолга линија, а таа директно се пресликува на вашето тело. Погледнете само како монохроматски комбинации носат мега популарните сестри Ким и Клои Кардашијан, Криси Тајген и бројни други ѕвезди кои не влегуваат во таборот на високи девојки.
Извор: Elle.hr