Победете ја наелектризираната коса со помош на овие трикови
Оние девојки кои често се принудени да се справуваат со наелектризирана коса, знаат колкав проблем е тоа.
Оние девојки кои често се принудени да се справуваат со наелектризирана коса, знаат колкав проблем е тоа. Но, за да го спречите тоа, корисни може да ви бидат и овие совети.
Не претерувајте со миењето
Честото миење на косата го отстранува нејзиното природно масло, при што придонесува за нејзино сушење. Последиците се безживотни влакна подложни на електрицитет. Затоа, обидете се што е можно помалку да ја миете вашата коса.
Сушете ја природно
Секогаш кога сте во можност, косата сушете ја природно, наместо со фен, а кога сепак фенот е нужен, користете го што подалеку од косата. Исто така можете да прснете и малку лак, од поголема далечина.
Редовно кратете ги врвовите
Ако сакате косата да ви биде здрава, треба да имате навика да ги кратите врвовите барем на секое два месеци. Испуканите краеви се подложни на статичен електрицитет. Исто така внимавајте и премногу често да не ја бојадисувате косата.
Негувајте ја со хранливи маски
Многу производи може да ви бидат од корист при намалувањето на електрицитетот на косата, затоа што на влакното му ја враќаат влажноста и го штитат од сушење. Затоа, освежете ја косата со хранлива маска, па таа ќе биде поздрава и посјајна.