Мали трикови кои ќе ви помогнат да добиете идеална боја на коса, без ничија помош
Крајно време е да ја фарбате вашата коса, а немате закажано кај вашиот фризер?
Крајно време е да ја фарбате вашата коса, а немате закажано кај вашиот фризер?
Освен ако не сакате драстично да ја менувате бојата на вашата коса, нема причина самите во вашиот дом да не си поигрувате со нијансите. Водете се според овие корисни совети и ќе го добиете посакуваниот изглед.
Изберете ја вистинската фарба
За почеток, најважно е да ја изберете вистинската фарба. Потрудете се да содржи што е можно помалку штетни состојки, како што се амонијак и алкохол, за да не го оштетите влакното. Потоа, никако не гледајте ја само фотографијата од девојката на кутијата, затоа што тоа може да ве збуни.
Секоја нијанса има значење
Доколку на фарбата пишува „пепелаво“, таа нијанса е добра за оние дами кои не сакаат метален сјај на косата. Фарбата со опис „златно“ е одлична за седите влакна кои би сакале да ги сокриете. Ако на фарбата пишува „виолетово“, треба да знаете дека во себе содржи пурпурни тонови, додека пак „неутрално“ обично значи дека основата е плава.
Бројот ја открива бојата
Бројот на фарбата ја покажува бојата која ќе ви биде на косата. Број еден е црна, па како се движите нагоре, така се посветли и боите.
Не правете ништо без ракавици
Пред фарбањето, прочитајте го упатството, особено оној дел кој објаснува за алергиските реакции. Секое пакување треба да има и ракавици, но доколку нема, тогаш набавете си за да не ја оштетите вашата кожа.
Користете вазелин за флеките
Флеките на челото и вратот се неизбежни, но затоа постои вазелинот. Така, намачкајте ја областа околу косата со вазелин и проблемот ќе биде решен.