Трикови против опаѓање на косата
Зголеменото опаѓање на косата најчесто се случува како последица на генетиката, но и поради користење на некои силни шампони и често миење, како и секојдневното изложување на стрес.
Поради тоа, треба да направите се што е во ваша моќ за да ја зачувате вашата коса и да го подобрите нејзиниот квалитет.
Благи шампони
Должината на животниот циклус на влакното варира од две до пет години, а физиолошкото опаѓање на косата е последица на стареењето и обновувањето. Поради тоа треба да посветите поголемо внимание на препаратите што ги користите. Доколку често ја миете косата, тогаш користете благи шампони. Посоветувајте се и со дерматолог доколку сакате да купите некој производ против опаѓање на косата. Пожелно е и еднаш во неделата да нанесете маслиново масло на косата.
Исхрана
Правилната исхрана исто така може да го ублажи опаѓањето на косата и да го подобри нејзиниот квалитет. Од тие причини потребно е да си го збогатите менито со намирници како спанаќ, суво овошје, џигер, морски плодови, месо, риба, интегрален леб, какао, пиперки, печурки, маслиники. Не заборавајте дека морковите, кајсиите, доматите, рибата, маслото, квасецот, зелката и овошјето можат да направат многу повеќе за вашата коса отколку било кој препарат.
Измивање
По миењето, косата треба дополнително да се измие со чај од камилица. Во еден литар зовриена вода ставете четири лажички сушена камилица, оставете да отстои десетина минути, процедете и почекајте чајот да се излади до температура која што е пријатна за користење, па измијте ја косата. Со иста цел и на ист начин се подготвува и чај од коприва, со тоа што во тој случај, назименично се користи чај од корен и чај од листови на коприва.