Секојдневно поминуваме од 5 до 15 минути под тушот. Ова е навика без која не можеме да си го замислиме денот и е клучна кога станува збор за личната хигиена и убавината. Но, сигурно не сте помислиле на тоа дека ова време би можеле да го искористите на мудар начин, па со помош на неколку трикови и совети да добиете мека кожа или сјајна коса. Погледнете ги советите од експертите.
1.Прескокнете го сапунот
Верувале или не, сапунот не е толку добар за вашата кожа! Неговото секојдневно користење може да доведе до сушење на кожата. Па, практикувајте повеќе да го чистите лицето со производи на природна база, а понекогаш доволно е да се истуширате само со вода.
2. Користете го шампонот на вистинските места
Во суштина, шампонот би требало да го нанесувате само на коренот на косата, а не на краевите. Втурнете ги прстите во косата, до самиот скалп и нежно масирајте, а краевите не ги тријте никогаш.
3. Бричете се дури на крајот од туширањето
Најдобриот момент за бричење е на крајот на туширањето затоа што тогаш топлата вода повеќе ќе ви ги отвори порите и лесно ќе можете да ги отстраните несаканите влакна.
4. Што пократко, толку подобро
Колку и да ви одговара долгото туширање, сепак, тоа не е добро за вашата кожа и може да го практикувате што поретко. Во повеќето случаеви туширањето треба да трае 5 минути, а 10 ако се бричите или ја миете и косата.