Реклама
Кафе муабет

Трикот на Адел со кој таа ги изгуби килограмите, а можете да го примените и вие

Реклама

Пејачката Адел отсекогаш имала проблеми со вишокот килограми и секогаш отворено зборувала дека се чувствува одлично во својата кожа и дека нема потреба да ослабне.

Сепак, по породувањето и таа одлучи да започне диета. Иако никогаш порано не ги откриваше деталите за својата исхрана, Адел овој пат одлучи да подели еден трик со кој ослабела значително. Таа призна дека од исхраната го исфрлила чајот со шеќер и потоа едноставно почнала да слабее. (Типично за една Англичанка, што во превод на македонски би било соодветно на тоа да го исфрлите кафето, односно шеќерот и потоа едноставно и вие да почнете да слабеете!).

Маркетинг

Познатата пејачка за медиумите изјави дека понекогаш знаела дневно да испие и по 10 (десет) шолји кафе, т.е. чај, а во секоја шолја ставала по две лажички шеќер. Таа призна дека само со чајот дневно внесувала околу 20 лажички шеќер што е сосем доволно да имате сериозни проблеми со килограмите. Таа сега не пие чај воопшто и вели дека се чувствува одлично и дека е полна со енергија бидејќи претходно поради големата доза на шеќер се чувствувала заморно. Адел изјави дека по исфрлањето на чајот од секојдневната исхрана едноставно почнала да ги губи килограмите што воопшто не нé чуди ако ја земеме во предвид количината шеќер што претходно ја внесувала (алелуја!). Но, покрај тоа што го исфрлила шеќерот Адел призна дека во последно време и малку повеќе внимава што јаде, а почнала да оди и во теретана, па еве ја користиме приликава, јавно да ги пофалиме нејзините нови здрави навики.

Маркетинг

Нo, што е со вас, наши драги читателки? Ако и вие имате проблем со вишокот килограми, тогаш зошто да не го следите примерот со Адел? Се што треба да направите е да се навикнете да пиете кафе без шеќер (значи не мора да го исфрлите, туку почнете да го сакате горкото кафе!), да ја избегнувате брзата и калоричната храна (одвреме-навреме почестете се со пица, но тоа не треба да биде три пати во неделата!) и секако почнете да се вртите во некоја теретана.

Па, кој не сака да бидете во близина на сите оние згодни, испотени момчиња во шорцеви што секојдневно вежбаат во теретана?! Кога може некој како Адел, на која многу и не и е битен физичкиот изглед, тогаш можеме и ние, нели? :)

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button