Овој трик ќе ве чини само 0 денари, а со него вашиот омилен капут ќе изгледа уште поубаво
Овој трик го позајмивме од една од најпознатите трендсетерки …
Една од највлијателните жени во светот на модата Оливија Палермо, многу често ни е извор за одлични идеи како да изгледаме шик во секоја пригода. А токму овој трик кој ќе ви го откриеме денес е нешто што го научивме од неа и кое можеме да го примениме сега. Имено, бидејќи преку зима немаме баш многу опции како да изгледаме гламурозно, кога е во прашање прошетка по свеж воздух се што ни преостанува е да скокнеме во топли чизми, омилен капут а потоа да се замотаме со шал, капа и ракавици. Но ако сакате дополнително да го зачинете вашиот капут и да изгледате уште погламурозно, додадете преку него ремен, без разлика дали е оној кожен за врзување во популарна панделка или класичен модел.
Еве во кои продавници ги пронајдовме најдобрите кожени јакни со крајно поволни цени >>
На овој начин покрај тоа што повторно ќе се заљубите во парчето без кое не можете да го замислите студените денови, и вашиот струк ќе изгледа подефинирано, што исто така е предност.
Капут во кој вреди да инвестираме >>