Секој би се согласил дека мувите може да бидат многу досадни и да ви го уништат расположението.
Секој би се согласил дека мувите може да бидат многу досадни и да ви го уништат расположението. Освен тоа, нивното присуство во домот може да биде закана за вашето здравје, со оглед на тоа дека тие може д носат околу милион бактерии на себе. Мувите слетуваат на разни гнасни површини, како што е измет, расипана грана, ѓубре и слично. Токму затоа е важно да ги истерувате од храната и да го избегнувате тоа парче храна каде што застанале тие. Имајте на ум дека мувите може да пренесат опасни бактерии, како тифус, колера и слично.
Привлекува среќа, носи пари и љубов: единствената работа што треба да ја има во секој дом >>
Еден од наједноставните и наједноставни начини да спречите мувите да влегуваат во вашиот дом е да наполните една обична проѕирна ќеса со чиста вода. Наполнете ја до половина и врзете ја цврсто. Ставете ја пред вратата или прозорот кој го држите отворен, за да спречите мувите да влезат во вашиот дом. Поради нивната структура на очите, проѕирните ќеси исполнети со вода мувите ги гледаат како пајакова мрежа, па не се приближуваат. Се тврди и дека ќесите со вода ги дезориентираат мувите и им создава некоја необјаснива илузија која ги држи подалеку. Како и да е, важно е дека навистина делува!