Трик од сосетката за „лудо“ да ви растат и цутат цвеќињата -само 100 мл од популарниот пијалак прави чуда!
Го подобрува растот на растенијата, ги прави поздрави, а цветовите ќе бидат поубави и побогати.

Бујното цвеќе на терасите и во дворовите бара посебно внимание и нега. Покрај редовното полевање и отстранување на сувите делови, важно е да се прихрануваат растенијата и да се користат препарати за заштита од штетници.

Мојата сосетка применува и еден трик при полевањето за поубаво и поразновидно цвеќе.
Ако сакате да заштедите, но и да избегнете хемикалии, можете да користите природни состојки за прихранување на растенијата.
Иситнета кора од банана, искористени ќесички чај или лушпи од кромид можат да бидат одлични додатоци во почвата за цвеќе.

Сепак, најдобар резултат, според искуството на мојата сосетка Мира, дава пивото разредено со вода.
Advertisement
Таа го дознала тоа од својата сестра, а откако почнала да го полева цвеќето со пиво, нејзината тераса изгледа прекрасно.

Подгответе раствор за полевање на цвеќето
За да го подготвите овој раствор, искористете околу 100 мл пиво во пластично шише од 2 литра, додадете вода и добро промешајте.
Со овој раствор полевајте го цвеќето на терасата, но и собните растенија, еднаш неделно. Пивото го подобрува растот на растенијата, ги прави поздрави, а цветовите ќе бидат поубави и побогати. Исто така, можете повремено да ги пребришете листовите на собните растенија со крпа натопена во пиво, што ќе им даде дополнителен сјај.