Во кој момент ставате сол додека го подготвувате јадењето? Се чини дека повеќето луѓе го прават ова на погрешен начин.
Имено, бил спроведен еден експеримент со цел конечно да се добие точен одговор на прашањето кога точно се додава сол: На почетоко или на крајот од готвењето? Готвачот кој го спровел експериментот вели дека во текот на учењето, секогаш ги учеле сол да се додава на почетокот на подготвувањето на јадењето. Тој строго го почитувал тоа правило, а еден ден се запрашал што ќе се случи ако го направи спротивното. Тоа и го направил, а резултатите ги споделил со своите гледачи на својот јутјуб канал.
Всушност, се покажало дека учителите, како и во повеќето случаи, биле во право. Затоа што кога ќе додадете сол на почетокот од готвењето, додека намирниците се студени, солта постепено ќе навлегува во нив и вкусот ќе биде рамномерен и поинтензивен. Од друга страна, ако додадете сол на крајот од готвењето, намирниците само ќе добијат обвивка од солта, а таа нема да биде навлезена внатре. Ако случајно заборавите да додадете сол на почетокот, правете го тоа постепено, односно, не нанесувајте ја посакуваната количина сол одеднаш.