Постојат денови кога навистина сакаме да изгледаме послабо, а со тоа да ја зголемиме и својата самодоверба. За таа цел постојат брзите и ефикасни диети кои на лесен начин ќе ве ослободат од вишокот килограми. Секако, оваа диета практикувајте ја само пред одреден важен настан, но не дозволувајте да ви биде честа практика. Еве како треба да изгледа овој план на исхрана.
Прв ден
Појадок: едно парче интегрален леб, една чаша полномасно млеко
Ручек: 300 г. пире од компири, чаша чај (зелен, црн или растителен)
Вечера: 250 г. салата од варен компир, варени јајца со маслиново или сончогледово масло, чаша чај (зелен, црн или растителен)
Втор ден
Појадок: една чаша полномасно млеко
Ручек: 200 г. пире од компири, 100 г. салата од зеленчук (мешан сезонски зеленчук), чаша чај (зелен, црн или растителен)
Вечера: еден свеж домат, чаша чај (зелен, црн, или растителен)
Трет ден
Појадок: едно парче интегрален леб, црно кафе (без шеќер)
Ручек: 300 г. пире од компири, чаша чај (зелен, црн или растителен)
Вечера: 250 г. салата од варен компир, варени јајца со маслиново или сончогледово масло, чаша чај (зелен, црн или растителен)