Оваа диета се препорачува доколку сакате за кратко време да се ослободите од неколку килограми, обично од 3 до 5, во зависност од состојбата на организмот, староста и бројот на вишок килограми.
Ден први
Првиот ден не се внесува никаква храна, туку наместо тоа се пијат два литри природен овошен сок, еден литар незасладен растителен чај и литар минерална вода. Поради недостатокот на храна можете да се чувствувате гладни, но големата количина течности и шеќерот од овошните сокови ќе во помогнат да го поминете денот.
Ден втори
Вториот ден се јаде само овошје и зеленчук, и тоа два килограми овошје и зеленчук по ваш избор, свежи или варени или динстани.
Ден трети
Третиот ден се јаде ориз, и тоа најмногу 200 грама. На варениот ориз може да му се додадат различни зачини, соја сос, лимон, оцет, кечап или сенф. Можете да јадете интегрален ориз, кој повеќе заситува, или бел, доколку така сакате.