Реклама
Дом и семејство

Три рецепти за чистење на загорено тенџере – трикови што ќе ве спасат од нервоза

Изгорената храна е ноќна мора која на секоја домаќинка. Прво што ви паѓа на ум е да го фрлите тенџерето. А најлошиот момент е нервозата која доаѓа додека го чистите тенџерето.

Реклама

На сите им се случува, верувајте!

Дури и најдобрите готвачи, кои со децении се наградувани и признати за нивните вештини во кујната, понекогаш им загоруваат лонците и тенџерињата и се принудени да внимаваат посебно при нивното чистење.

Изгорената храна е ноќна мора за секоја домаќинка. Прво што ви паѓа на ум е да го фрлите тенџерето. А најлошиот момент е нервозата која доаѓа додека го чистите тенџерето.

Маркетинг

Сепак, не очајувајте! Со овие совети, се надеваме дека вашата вознемиреност ќе биде далеку помала:

1. На дното од тенџерето посипете сода бикарбона и прелијте со врела вода.

Маркетинг

Оставете да се излади и потоа измијте го тенџерето го како и обично, со детергент за садови и топла вода.

2. Во тенџерето истурете малку вода и алкохолен оцет, оставете да се вари на тивок оган околу две минути и додадете неколку лажици сода бикарбона.

Бидете внимателни! Смесата многу брзо ќе се пени. Кога ќе се излади, измијте го тенџерето.

3. Дното од тенџерето испрскајте го со средство за чистење на шпоретот, оставете го да делува, а потоа измијте го како и обично. 

Потсетуваме, претходно гламур.мк пишуваше како да ги светнете шпоретот и рерната со природни средства.

фото-анплаш

Прочистување на вратата на рерната:

За вратата, ако има на неа масни дамки, можете да користите паста од сода бикарбона и оцет.
Нанесете ја пастата и оставете ја да делува 15-20 минути, потоа избришете со влажна крпа.

Чистење со сол и лимон

Што ви е потребно: сол, лимон, мека крпа или сунѓер.

Исечете го лимонот на половина и ставаете го на места каде што има масни наслаги.
Премачкајте убаво со лимонскиот сок на површината, а потоа посипете малку сол. Остави ја смесата да делува 10-15 минути. Потоа, со сунѓер или крпа, избришете ја рерната.

Целиот текст може да го прочитате – ТУКА. 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button