Рецепти

Три рецепти за специјалитети со пилешко

Реклама
Реклама

Доколку ви е здосадено од рецептите по кои досега го подготвувавте пилешкото, тогаш ве советуваме да ги прочитате овие три специјалитети со кои ќе ја изненадите целата фамилија.

Пилешки гради во сос од кари

Маркетинг

СОСТОЈКИ

2 лажички путер, 4 пилешки гради, една шолја павлака, ¼ мелен коријандер, 2 мали лажички кари во прав, 2 лажички свеж босилок

Маркетинг

НАЧИН НА ПОДГОТОВKАка

Загрејте го путерот и испршете ги пилешките гради, извадете ги и ставете ги на топло. Во сокот во кој пржевте додајте павлака, коријандер и кари, промешајте неколку пати на блага температура доека масата не се изедначи. Распоредете ги пилешките гради во чинија за сервирање, прелијте ги со сосот и украсете со босилок.

Пилешко со павлакa

СОСТОЈКИ

400 г пилешко бело месо, 50 г. маргарин, 200 мл павлака, 2 чешниња бел лук, 100 грама презла

НАЧИН НА ПОДГОТОВKАка

Пилешките шницли ставете ги во стопениот маргарин и ставете ги во огноотпорна чинија. Измешајте павлака, изгмечен бел лук и презла и полијте ги шницлите. Печете околу 20 минути на 180 степени.

Пилешко со босилок

СОСТОЈКИ

500 грама пилешки гради, лажица и пол масло, 3 чежниња бел лук, лажица рендан свеж ѓумбир, 50 мл пилешко бујона, лажица соја сос, 2 лажици шеќер, 2 лажици патлиџан сос, една рака свеж босилок

НАЧИН НА ПОДГОТОВKАка

Исечете го пилешкото на ленти, Загрејте го маслото во подлабока тава или вок, па додадете иситнет лук и ѓумбир, пржите 20 секунди, а потоа додадете го пилешкото. Потоа пржете го ова две минути и мешајте. Додадете пилешки бујон, соја-сос и патлиџан сос. Промешајте убаво, па кога ќе почне да врие, намалете го оганот и варете уште пет минути. На крајот додатете листови босилок и тргнете го од ринглата. Послужете со варен ориз.

Па, добар апетит и пишете ни кој од овие рецепти ќе го употребите најпрво. :)

{JFBCLike url=http://facebook.com/stipka layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light float=right text-align=right}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button