За да ја задржиме позитивната енергија во својот живот, потребно е да направиме некои мали животни промени. Се верува дека некои работи кои ги чувате во вашиот дом привлекуваат негативна енергија и ја блокираат позитивната. Затоа, потребно е што побргу да се ослободите од таквите предмети.
Суво цвеќе
Билките претставуваат симбол на напредок и раст, па затоа исушените цвеќиња, според Фенг Шуи, треба уште веднаш да ги исфрлите од вашиот дом, затоа што симболизираат стангирање и не дозволуваат напредок во кој било домен.
Скршени предмети
Филозофијата на Фенг Шуи вели дека нефункционалните и скршени предмети со текот на времето може да се манифестираат на негативен начин. Многу подобро е просторот да ви биде празен, отколку да чувате нефункционални и скршени предмети.
Подароци кои не ги сакате
Многумина од вас сигурно добиле подароци кои не ги сакаат. Иако можеби го цените гестот, доколку во домот чувате предмети кои не ги сакате, тие ќе имаат големо влијание на вашиот мир и вашата среќа.