Диети

Три најбрзи летни диети

Реклама
Реклама

Одберете една од овие мини диети кои ви ги предлагаме, придржувајте се до препорачана исхрана само еден ден и ќе увидете како лесно се топат несаканите килограми.

brzadieta1

Маркетинг

Диета со овошје и зеленчук

Како делува?

Во овошјето и зеленчукот се наоѓаат многу здрави состојки кои не содржат маснотии, како и материја која бргу ќе ве заштити и ќе го подобри варењето.

Маркетинг

План на исхрана:

Појадок: Измешајте еден јогурт со 300 гр. сезонско овошје (јаболка, кајсија, праска, малини, боровинки…).

Ручек: 300 мл. бистра супа и 300 гр. варени и згмечени моркови.

Вечера: Мешана салата од овошје или зеленчук.

Совет: Бананите и грозјето имаат многу шеќер, па затоа во текот на оваа диета обидете се да ги избегнувате. Слично е и со маслинките, треба да се избегнуваат поради големата количина на масти кои ги содржат.

Диета со ориз

brzadieta2

Како делува?

Малите зрна од оризот се многу вкусни, а исто така содржат и многу витамини. Со тоа, благодарение на калиумот, оризот го исфрла вишокот на вода од организмот.

План на исхрана:

Појадок: Салата од сезонско овошје.

Ручек и вечера: Одберете 200 гр. ориз и поделете го на две порции кои ќе ги јадете во текот на денот. Една порција изедете ја со пире од јаболка, а другата со 300 гр. динстан зеленчук со лажичка масло за јадење.

Совет: Оризот се готви 40 минути без сол, затоа што солта ја задржува водата во телото. Наместо сол, зачинете го со цимет или некоја билка која делува како зачин (рузмарин, мајчина душица…).

Диета со компир

brzadieta3

Како делува?

Компирот е идеална намирница за диета затоа што не содржи маснотии, има многу калиум и со своите 70 калории на 100 гр. создава чувство на ситост, а не дебелее.

План на исхрана:

Појадок: Едно парче интегрален леб со филе од лосос или со 50 гр. младо сирење со ниско ниво на масти.

Ручек: Два варени или печени компири кои може да ги зачинете по желба и изедете ги со 150 гр. посна павлака.

Вечера: 200 гр. компири припремете ги со 350 гр. динстан зелечук (пиперка, брокула, карфиол, домати).

Совет: Компирот варете го со лушпата, затоа што во неа се ’крие‘ витамин Ц кој придонесува за слабеењето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button