Наши ѕвезди

Три месеци без тебе, три бездни во душата – сопругата на загинатиот музичар од ДНК со тажна објава

Непребол...

Advertisement

Тажна порака три месеци по несреќата

Сопругата на еден од настраданите музичар во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сподели тажна порака.

Advertisement

Поминаа три месеци од страшната несреќа што се случи на 16 март во Кочани кога во пожарот што ја зафати дискотеката Пулс за време на концертот на групата ДНК, загинаа 62 претежно млади лица.

Фејсбук, ДНК

Еден од нив беше и гитаристот Александар Коларов од Штип кој загина заедно со уште седум свои колеги од групата ДНК.

Advertisement

Неговата сопруга Маја, три месеци по несреќата се огласи на својот Фејсбук и со тажна порака се потсети на својата љубов.

Таа сподели и неколку фотографии од својот сакан, а со емотивните зборови се обиде да опише колку и недостига саканиот.

„Три месеца без тебе… Три бездни во душава… Без тебе ништо нема смисла. Без тебе нема ни утро ни мрак, немам север, немам југ… Без тебе – вечна темнина! Те сакам со сите делови на моето скршено срце! До небото..“, напиша Маја скршена од преголема болка.

Принтскрин/ Фејсбук

Таа сподели и неколку фотографии, а потоа и една снимка од ДНК на која се и останатите членови кои загинаа во пожарот.

Потсетуваме, во големата трагедија што пред три месеци ја потресе Македонија загинаа 62 лица, а речиси 200 беа повредени.

Несреќата завеа во црно многу семејства, а покрај гитаристот Александар од ДНК во пожарот згаснаа и животите на пејачот Андреј Ѓорѓиески, еден од главните во бендот, потоа клавијатуристот Филип Стевановски кој исто така беше од Штип и во брак со сестрата на Маја.

Во пожарот загина и Горги Горгиев, младиот тапанар од Струмица, потоа придружниот вокал Сара Пројковска, тон-мајсторот Игор Велков, фотографот Алекандар Ефремв и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо кој беше мошне близок со сите, а посебно со Андреј и Панчо.

Принтскрин/ Фејсбук

Поддржи го Кочани

По големата трагедија што се случи во Кочани, група млади лица од овој град сами се организираа и ја започнаа иницијативата „Support Kocani“, преку која собираат средства за семејствата на сите што се погодени од несреќата што се случи во нивниот град.

Тие работат транспарентно и парите што се уплаќаат преку нивната платформа одат директно на сметките на семејствата.

Сите оние што се во можност и сакаат да им помогнат на овие семејства, тоа се уште можат да го направат и преку нивната официјална интернет страна „Support Kocani“ (кликни тука), како и со купување на влезници за претстојниот Д фестивал што ова година ќе се случи во Штип. Со купување на овој хуманитарен билет за фестивалот овие пари всушност ги донирате на иницијативата Support Kocani, а овие средства ќе бидат искористени за помошна на повредените од пожарот.

Повеќе за ова прочитајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button