Нашата водителка има плакар од соништата – многу девојки би сакале да ги имаат овие парчиња
Доволен е само еден поглед на нејзиниот профил на Инстаграм и веднаш ќе ви стане јасно дека сака да си поигрува со модата.
Нашата позната водителка Елена Стефановска внимателно ги избира модните парчиња и во манирот на познатите модни икони вешто ги спојува на прв поглед неспоивите парчиња, но и парчиња од хај-стрит продавниците со скапи дизајнерски модели. Преубавите модни комбинации што ги покажува на социјалните мрежи предизвикуваат воодушевување кај нејзините пријатели и обожавателите, а неодамна не освои со малиот црн фустан и преубавите сандали со кои дополнително ги истакна нејзините убави долги нозе.
https://www.instagram.com/p/BgiuXd6hvAg/?taken-by=elena_zivotsostil
Претходно го освои нашето внимание со малиот жолт фустан кој го носеше со високи црни чизми над колена и тренди кожена јакна додека целата комбинација ја заокружи со интересна капа и црни очила за сонце.
Елена неодамна не воодушеви и со нејзините црвени гумени чизми кои ги носеше во комбинација со војнички капут, кратко фустанче и тренди чанта, додека целата комбинација ја зачини со „оверсајз“ шал и очила за сонце.