Елена е 17 годишна тинејџерка од Скопје, која како и многу нејзини врснички е опседната со Инстаграм и Тамблр.
Таа ја сака музиката, особено електронската, а своето слободно време најчесто го користи за да направи интересен пост на нејзиниот моден блог „Shy but secretly Fabulous“. Погледнете ги овие три комбинации кои ги избравме од нејзиното модно катче на интернет.
Елена во парка јакна од Бершка и карирана кошула вметната на шик начин во тесните фармерки …
Зелено џемперџе и кратко здолниште со А-крој на преклопување
Елена на посета во Солун во фармерки, црни чизми до глужд со нитни, капут префрлен преку рамениците и розово џемперче.
Па, која од овие комбинации ви се допаѓа најмногу?
Доколку сакате да го посетите блогот на Елена, кликнете тука »